Намалена потрошувачката на струја кај уличното осветлување


Со замената на живините светилки со натриумови во мрежата на уличното осветлување, потрошувачката на електрична енергија во општина Гевгелија е намалена, беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48 часа.

Имено, како што се врши санација на пријавените дефекти на уличното осветлување, така и се врши замена на живините сијалици со нови – натриумови. Се проценува дека со ваквата замена на сијаличните места досега потрошувачката на струја во општина Гевгелија е намалена за 20% . Така, на пример, во населеното место Моин потрошувачката на струја во уличната мрежа на осветлување е намалена од 3000 на 2400 киловати, како резултат на заменетите скапи сијалици. И тоа, по инсталираните нови линии во уличната мрежа на ова наелено места.

Оттука и заложбата на општина Гевгелија, при редовната замена на сијалиците, задолжително да се ставаат натриумови сијалици.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …