Под мотото „Остани без здив“, по повод Светскиот ден напулмонална (белодробна) хипертенизија, Здружението на граѓани Асоцијација за пулмонална хипертензија „Момент плус“ – Гевгелија го одбележи овој ден, 9 мај во „Сити мол“ во Скопје (кај излезот од „Карфур“), со почеток во 13 часот.
Од „Момент плус“ соопштуваат дека настанот се одбележува насекаде во светот, а оваа година, ова е второ одбележување со поддршка на Асоцијацијата на пациенти од Европа.
– Сакаме да го означиме и да дадеме акцент за подигање на свеста за постоењето на оваа болест, како ретка и потенцијално смртоносна доколку нема рана дијагноза. По втор пат Македонија е рамо до рамо со сите европски и светски земји со една иста цел и порака која ќе јавиди целиот свет– вели Ѓурѓица Ќаева, претседателка на АПХ„Момент плус“.
На настанот се одржa флеш моб танц кој ќе го изведе хип-хоп групата „Мистик денс“ од Гевгелија,во кореографија на Александар Аврамов. Ќаева додава и дека со настанот, тие сакаат да ја споделат основната порака -колку вреди еден живот.
– Пациентите сè уште чекаат лекови за оваа болест па се надеваме дека со ваша помош ќе биде слушнат крикот на болните за кои секој момент е скапоцен, а секој здив е предизвик– објаснува таа.
Главна цел на одбележувањето на овој ден, како што велат од здружението, е поддршка на па пациентите дека не се сами во нивната животна борба, како и запознавање на општеството воопшто за особините на заболувањето, запревентива, профилактика, медицинска дијагноза, лечење, рехабилитација со крајна цел информирање и намалување на смртноста поради неинформираност.
Фотографии и видео: Блашко Дебников