Побрзо пропатување на бегалците низ Гевгелија, но и поголема заштита на граѓаните


Триесеттина загрижени граѓани од Гевгелија, кои живеат во непосредна близина на железничката станица во Гевгелија, каде што присуството на бегалци е најголемо денес побараа и остварија средба со градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.

Притоа, граѓаните ја изразија својата загриженост поради загрозената безбедност од се поголемото присуство на бегалци на влезовите од станбените објекти и дворните места, поставените шатори на тротоарите, парковите и автобуската и железничката станица, укажувајќи на зачестените меѓусебни тепачки, насилно однесување од поединци кон полицијата, како и целосно нарушување на комуналната хигиена.

Истовремено, граѓаните побараа дислоцирање на пунктот за  пријавување на бегалците во полициската станица на железничката станица во Гевгелија и поголемо  и поефикасно присуство на полицијата.

Градоначалникот на општина Гевгечлија изрази целосно разбирање за проблемите на граѓаните нагласувајќи дека бегалската криза и зголеменото присуство на бегалците предизвикува безбедносни и комунални проблеми во градот. Особено, откако бројот на бегалците кои секојдневно пристигаат од грчка страна од неколку стотини се искачи на неколку илјади на ден. Затоа, уште пред еден месец по расправите на Општинскиот совет за локална превенција и Советот на општина Гевгелија до надлежните државни органи испративме неколку заклучоци и барања за поефикасно пропатување на бегалците, но и намалување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Гевгелија, рече Иван Франгов.

Дел од овие заклучоци, како и мои барања за надминување на одделни проблеми со кои се соочуваат моите сограѓани веќе се реализираат. Во железничката станица во Гевгелија зголемен е бројот на возовите од два на пет за превоз на бегалците, иако, и тоа е недоволно.

Воведени се и седум нови автобускли линии, а во тек е инсталирањето на електронскиот систем за издавање на потврди за привремен престој на бегалците со што значително ќе се забрза постапката за регистрација на бегалците. Останува нашето основно и главно барање за дислокација на пунктот за пријавување на бегалците од железничката станица на локација во непосредна близина на македонско-грчката граница. Веќе одредивме и понудивме локација кај поранешните објекти на ЗИК„Винојуг“, која зафаќа 1 хектар, располага со вода и струја, се наоѓа крај железничката пруга и е во непосредна близина на границата.

Очекуваме по издаденото одобрение денес од страна на надлежните државни органи УНЦХР да започен со уредувањето на локацијата. Станува збор за транзитен центар каде што на бегалците ќе им бидат издавани потврди, ќе можат  да се освежат и од каде што со специјални возови ќе можат да го продолжат патувањето. Сето ова ќе се реализира во најскоро време со што ќе се овозможи граѓаните на Гевгелија повторно да можат да ги користат услугите на железничката и автобуската станица и непречено да влегуваат во своите домови, истакна градоначалникот Франгов на средба со граѓаните.

Граѓаните изразија целосна поддршка на напорите на градоначалникот и залагањата на надлежните општински и државни органи за намалување на проблемите предизвикани со зголеменото присуство на бегалците во Гевгелија.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …