Директорот Спасески и градоначалникот Франгов свечено го предадоа во употреба мултинаменското гралиште во Гевгелија. Градоначалникот Иван Франгов ги повика младите да го практикуваат спортот, но истовремено и да ги чуваат новоизградените терени и вети дека соработката со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во иднина.
Гевгелија доби ново мултинаменско игралиште кое е дел од поширокиот проект на Владата за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ државата. Игралиуштето е уредено и опремено за мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Се наоѓа во непосредна близина на двојното тениско игралиште, а е дел од Спортско-рекреативниот центар „Касарна“. Вложувањето во спортот и спортската инфраструктура е еден од врвните приоритети на Владата, која сака да овозможи спортот да биде достапен секому и секаде подеднакво.
Затоа, во континуитет се реализираат проектите за изградба на фудбалски игралишта, спортски сали, повеќенаменски игралишта и тениски терени низ целата држава. Од овие проекти не беше изземена ниту Гевгелија, каде досега преку АМС се инвестирани половина милион евра за изградба на двојниот тениски терен, повеќенаменското игралиште и фудбалското игралиште во Миравци”, рече на свеченото предавање во употреба на игралиштето директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов во своето обраќање изрази задоволство што планираниот спортско- рекреативен центар на просторот на поранешна „Касарна“ добива нови содржини. На тој начин се излегува во пресрет на барањата на младите, кои масовно го посетуваат тениското игралиште, а тоа значи дека ќе бидат редовни гости и на мултинаменското игралиште. притоа, ги повика младите да ги чуваат новоизградените терени и вети дека соработката со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во иднина.
*Фотографиите се превземени од: FB профилот на Љубчо Алексовски