По пат на електронско јавно наддавање општина Гевгелија ги продаде сите четири огласени градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија во месноста Сува река.
Станува збор за парцели со површина од 440 до 2.681 метар квадратен, чија почетна цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен.
Така, парцелата од 440 метри квадратни беше прадена за 101 денар од метар квадратен, од 1.085 метри квадратни за цена од 121 денар од метар квадратен, најголемата парцела од 2.681 метар квадратен беше продадена по цена од 171 денар за метар квадратен, а највисока цена на јавното наддавањедостигна парцелата со 862 метри квадратни – 2670 денари за метар квадратен.