Пуштање во употреба на еко-патеката на Вардарски рид


Денеска свечено се пушти во употреба еко-патеката на Вардарски рид. Најпрво пред свеченоста, се одржа финална прес-конференција и презентација на проектот за еко-патеката во мотел Вардар. Проектот „Одржлив туризам и промоција на заштитата на околината преку партнерство“, Општина Гевгелија го реализираше заедно со Општина Разлог, Бугарија.

Во рамките на проектот е изградена еко-туристичка патека на Вардарски рид, со трите видиковци, кула за наблудување и урбана опрема. На отварање присуствуваше и делегација на водечкиот партнер – Општина Разлог, предводена од градоначалникот Красимир Герчев.

Покрај изградбата на еко-патеката, во рамките на проектот изработена е и Брошура за заштита на околината во Општина Гевгелија и Разлог, каталог за флората и фауната во 2-те општини, како и посебна веб-страна.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …