Од денешниот состанок на Стручниот колегиум на градоначалникот на општина Гевгелија со раководителите на општинските одделенија и сектори произлезе иницијативата за организирање на акција за расчистување на дивите депонии во општината.
Имено, и покрај редовното собирање на комуналниот отпад во сите населени места од страна на ЈПКД„Комуналец“, во повеќе населени места се јавуваат диви депонии. Најдрастичен е случајот со Богородица, каде што комуналните служби извршија целосно чистење на дивата депонија, поставија табли со забрана на фрлање на комунален отпад, но, на истата локација повторно е забележано фрлање на ѓубре од страна на граѓаните на Богородица.
Договорено е посебен работен тим да направи увид на територијата на целата општина, да бидат утврдени локациите на сите диви депонии и да се организира нивно расчистување. По што од страна на инспекциските служби би се поднесувале и пријави за казнување на неодговорните граѓани, кои продолжуваат да го фрлаат ѓубрето на недозволени локации.
Од ЈПКД„Комуналец“ нагласуваат дека во случај на потреба можно е почесто собирање на отпадот во одделни населени места, но, во спротивно ваквите појави треба да се санкционираат.
Извор: Општина Гевгелија