Македонските патници повторно ќе можат со железнички превоз да стигнат до Солун со експресната линија преку Гевгелија која беше во прекин, но сега се враќа за време на викендите. Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12 јануари 2018 година, во деновите од понеделник до петок ќе сообраќа само до Гевгелија, наместо до Солун и обратно. Во овие денови начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега со автобуски превоз.
Новина е што овој експресен водз во саботата и неделата ќе сообраќа и до Солун и обратно, односно преку викендот ќе биде воспоставена викенд тура од Гевгелија до Солун и обратно.
Извор: Општина Гевгелија