По традиција и во Гевгелија на 19 јануари,празникот Богојавление Водици ќе биде одбележан со големиот богојавленски водосвет -со фрлање на крстот во реката Вардар, од мостот кај мотелот „Вардар“.
Богослужбата на свештените лица од Гевгелиската парохиска црква започнува точно напладне, во 12 часот. Црквата веќе го објави повикот за пријавување на капачите кои ќе се фрлат по крстот. Крстот ќе биде фрлен од мостот во реката Вардар, веднаш по завршувањето на богослужбата, а ќе бидат преземени сите неопходни организациски и безбедносни мерки. Во духот на христијанската вера и обичаи, среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван, по традиција, од градоначалникот на општина Гевгелија.
Извор: Општина Гевгелија