Гевгелиски ученици со традиционални јадења се претставија во Крушево


Учениците Никола Стаменковски, Васил Пешевски, Младен Симиќ, Филип Новоселски, Андреј Митров, Даниел Гошев и Здравко Петров, од туристичко-угостителската насока во СОУ „Јосиф Јосифовски“, под менторство на професорите Марина Калкова, Станка Карајанова и Виолета Аризанова, на првиот „Фестивална храната“ во Крушево, со голем успех ги претставија традиционалните јадења од гевгелискиот крај.

Тие заедно со трисеттина ученици во туристичко-угостителските насоки од училиштата од Крушево, Тетово, Штип, Кратово, Скопје и ученици од средното училиште од градот Печуј од Унгарија, како и учесници од Факултетот за туризам при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.  Гевгелиските ученици пред крушевчани се претставија со пиперки полнети со урда, црни патлиџани полнети со кашкавал, како и турлитава. Исто така, тие подготвија и три јадења карактеристични за крушевскиот крај – летен зелник со кисело млеко, чомлек и влашка сарлија. Посебна комисија ги оценуваше квалитетите на приготвените јадења.

Сите учесници добија благодарници, а првото место го освоија учесниците од средното училиште „Коле Нехтенин“ од Штип. Организаторите, Средното училиште „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, се надеваат фестивалот да прерасне во традиционален и меѓународен.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …