Започна реконструкциујата на регионалниот пат Прдејци-Смоквица што го изведѕца ЈП„Македонија пат“.
По тампонирањето на патот денес почна и негово асфалтирање со што овој пат ќе биде целосно реконструиран. Додека трае асфалтирањето на патот Прдејци-Смоквица, сообраќајот ќе се одвива двонасочно по сообраќајната лента за Смоквица.
Реконструкцијата на регионалниот пат Прдејци-Смоквица е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на РМ, која се реализира на територијата на општина Гевгелија, а за која се издвоени вкупно 180 милиони денари. На почетокот од летото беше извршена санацијата на регионалниот пат Миравци-Давидово. По реконструкцијата на двата регионални патни правци, ќе започнат и изведбените работи за целосна реконструкција на регионалниот пат Гевгелија-Негорци.
Имено, веќе во текот на наредната недела ќе започнат изведбените работи на овој пат, а предвидена е целосна негова реконструкција во должина од 6,5 километри. Само реконструкцијата на патот Гевгелија-Негорци ќе чини 90 милиони денари, кои средства се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта. Изведбените работи се предвидува да завршат за три месеци.
Извор: Општина Гевгелија