Петок, на 5 октомври, во малата сала на Народниот театар ќе се одржи концерт на клавирското дуо Аврамовска-Мариновски кое остварува меѓународни настапи како и меѓународни мастер класови по камерна музика.
На програмата ќе бидат изведени следниве дела: А.Јосифов – Виртуозна токата Ж.Бизе – Кармен фантазија, А.Дворжак – Легенда оп.59 бр.10 B-dur, А. Дворжак -Словенски танц оп.46 бр.1 C-dur, Ф.Шуберт – Фантазија f- moll A.Дворжак – Словенски танц g- moll оп.46 бр.8, А.Хачатуријан – Танц на сабјите.
Концертот започнува во 19.30 часот.
Со овој настан всушност ќе биде одбележан и светскиот ден на учителот. Истовремено, организаторот – ООМУ„Васо Карајанов“ продолжува со одбележувањето на својот 40 годишен јубилеј. Во октомври и ноември веќе се договорени неколку концерти, балетска претстава, а јубилејниот концерт на музичкото училиште е закажан за 26 октомври.
Извор: Општина Гевгелија