Зелена недела 2015 започна со еко трибина


Од 22 – 26 јуни, ЕУ инфо мрежата на Делегацијата на ЕУ ја одбележува Зелената Недела на Европската Унија.Таа има за цел да промовира зачувување на животна средина, здрава храна и слично. Вчера ЕУ Инфо Точка – Гевгелија во соработка со општина Гевгелија организираше акција сo волонтери во централниот дел на градот кои дистрибуираа информативни материјали со еколошки пораки а вечерта се одржа јавна расправа за почиста животна средина во општина Гевгелија.

Предавач беше Катерина Гацевска, дипломиран инжинер по екологија а присуствуваа советници,претставници на јавни претпријатија, комунални инспектори и заинтересирани граѓани. Беше потенцирано дека општина Гевгелија е една од најчистите општини во Македонија, но беше апелирано до комуналните инспектори што почесто на несовесните граѓани кои исфрлаат шут и ѓубре надвор од предвидените места најнапред усмено да бидат предупредени а доколку тоа не вроди со плод истите да бидат казнувани согласно законската регулатива.

Беше предложено ЈПКД Комуналец да постави мрежести контејнери за одлагање на хартија, пластика и останато ѓубре а постојните зелени површини и излетнички места по можност да бидат контролирани од чуварски служби.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …