Отворена изложба на фотографии на Рајко Каришиќ


Во галеријата на Народниот театар во Гевгелија е отворена самостојната  изложба на фотографии на авторот Рајко Р. Каришиќ од Белград, Република Србија.

На изложбата на гевгелиската јавност и се презентирани 4 циклуси на фотографии на овој реномиран фотограф, кој е чест гостин во Гевгелија. Токму како резултат на оваа соработка се одлучивме пошироката јавност да се запознае со творештвото на Рајко Каришиќ, рече на свеченото отворање на исложбата Дамјан Ѓуров, директор на Градската библиотека „Гоце Делчев“, кој е организатор на изложбата.

-Творештвото на Рајко Каришиќ е импресивно и впечатливо, бидејќи покрај документарната фотографија, ни понудува и фотографии во кои преовладуваат и ликовни изрази. Тоа може да се види од изложените фотографии од манастирот Хиландар на Света Гора, како и од морските пејсажи. Се работи за уметник кој на фотографијата и дава душа и впечатлив ликовен израз, истакна на отворањето на изложбата ликовниот уметник Драги Хаџи Николов, нагласувајќи дека Рајко Каришиќ е редовен учесник на меѓународната ликовна колонија „Аполонија“ во Гевгелија.

Инаку, Каришиќ е роден на  05.11.1952 година во Врбас, каде што го започнува и своето школување. Дипломирал на Машинскиот Факултет на Универзитетот во Нови Сад, а со фотографија започнал да се занимава во Фото кино клубот „Машинец“ во 1973 година. До сега има приближно 50 самостојни изложби и повеќе од 100 групни изложби во Србија, но и надвор од неа, а активно учестувал и на повеќе од 70 Ликовни колонии. За својата севкупна работа на полето на уметничката и применетата фотографија добил повеќе признанија и награди.

Изложбата во Народниот театар во Гевгелија ќе биде отворена до 20 септември.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …