Планинарски меморијал „ Димитар Кангов – Кангата“


Планинарското друштво „Кожуф„ во неделата, на 22 октомври го организираше 13-от по ред меморијал Димитар Кангов-Кангата.

 

Поаѓањето  беше во 06:00 часот од паркингот кај Спортската сала 26 април Гевгелија, а стартот на меморијалот, на кој учествуваа над 200 планинари, беше во 08:00 часот од местото Аџибарица ( Шутка).потоа , планинарите  ја поминаа маршутата Аџибарица (Шутка) – Таблата – Марково езеро – врв Зелен брег 2166м.н.в.

По пристигнувањето на врвот околу 12 часот, и малиот  одмор, на враќање назад,беше посетен  Планинарски дом “Томе Шутов – Кротки” каде планинатите се освежија со  топол чај. Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија го организира традиционално секоја година  меморијалниот марш „Димитар Кангов – Кангата“, во чест на долгогодишниот планинарски активист и член на гевгелиското планинарско друштво, адвокатот Димитар Кангов, кој пред 14 години ненадејно почина при искачувањето на врвот Џена на Кожуф планина, кој се наоѓа на територија на Р. Грција.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …