Проектот „Помогни и ти !“ го спроведува Здружението Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија во рамки на Програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка од Скопје и Шведскиот институт за јавна администрација.
Цел на проектот – Поттикнување на здруженијата на граѓани и граѓаните од Гевгелија на активност и хуманост за помош на бегалците.
Резултати:
> Информирани и едуцирани НВОи за правата и состојбата на бегалците;
> Подготвен акционен план за дејствување на НВОи;
> Зголемено учество на НВОи во прифатниот центар;
> Зголемено учество на НВОи во информирање и поттикнување на граѓаните за
донирање;
> Воспоставен процес на соработка и партнерства помеѓу НВОи, јавни институции и меѓународни организации;
> Поттикнати млади на волонтеризам.
Конституенти:
* Здруженија на граѓани кои се залагаат за промоција и заштита на човековите права;
* Јавни институции/организации кои ја третираат бегалската криза;
* Граѓани
Активности:
Активност 1: Градење капацитети – има за цел јакнење на капацитетите на НВОи за работа и помош на бегалците преку организирање на обука, работилница, состаноци, вклучување на НВОи во активности на организации кои работат во прифатниот центар за бегалци.
Активност 2: Подигање на јавната свест – има за цел да ги поттикне граѓаните и младите да покажат интерес за помош на бегалците преку креирање профил на социјалните медиуми, печатење и дистрибуција на промотивни материјали, организирање на отворени денови за донирање, набавка и дистрибуција на вода и прехрамбени продукти во прифатниот центар.