Патронен празник на ООУ Климент Охридски – с.Миравци


ООУ Климент Охридски – с.Миравци со свечена програма подготвена од учениците и наставниците, денеска го одбележаа својот патронен празник како и 90 годишнината од изградбата на прво училиште. Ова основно училиште го носи името на Родоначалникот на средновековната македонска култура , роден во македонска средина, образуван во висока византијска школа, култивиран под закрила на учителите Кирил и Методиј.

Се везден ги поучувал 3500-те ученици во неговата школа во Кутмичевица, охридско.Тој е автор на: многу поучителни слова, во кој употребувал јазик со највисоки средновековни естетски и уметнички мерила.Тој е создавачот на македонската азбука и првиот словенски епископ! Школството во Миравци има длабоки корени – 150 години .

Првото училиште било отворено 1884 година, а за прв учител бил назначен Глигор Божинов. Наставата се реализирала во куќи и црковни објекти. Како доказ за кажаното е тоа дека на територијата на Миравци се пронајдени “Алфавитарии“ – букварки од Кирил Пејчиновиќ, како и неговите “Огледало“ и “Евангелие“ .

Инаку, Во Миравци во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишна зграда во која се изведувала настава се до 1996 година кога се изгради новата училишна зградa.Новата училишна зграда е современа градба која оптимално ги задоволува условите за реализација на современа настава.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …