ПОМОГНИ И ТИ


Проектот „Помогни и ти !“ го спроведува Здружението Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија во рамки на  Програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка од Скопје и Шведскиот институт за јавна администрација.

Цел на проектот –  Поттикнување на здруженијата на граѓани и граѓаните од Гевгелија на активност и хуманост за помош на бегалците.

Резултати:

> Информирани и едуцирани НВОи за правата и состојбата на бегалците;

> Подготвен акционен план  за дејствување на НВОи;

> Зголемено учество на НВОи во прифатниот центар;

> Зголемено учество на НВОи во информирање и поттикнување на граѓаните за

       донирање;

> Воспоставен процес на соработка и партнерства помеѓу НВОи, јавни институции и меѓународни организации;

> Поттикнати млади на волонтеризам.

 Конституенти:

* Здруженија на граѓани кои се залагаат за промоција и заштита на човековите права;

* Јавни институции/организации кои ја третираат бегалската криза;

* Граѓани

Активности:

Активност 1: Градење капацитети  – има за цел јакнење на капацитетите на НВОи за работа и помош на бегалците преку организирање на обука, работилница, состаноци, вклучување на НВОи во активности на организации кои работат во прифатниот центар за бегалци.

Активност 2: Подигање на јавната свест – има за цел да ги поттикне граѓаните и младите да покажат интерес за помош на бегалците преку креирање профил на социјалните медиуми, печатење и дистрибуција на промотивни материјали, организирање на отворени денови за донирање, набавка и дистрибуција на вода и прехрамбени продукти во прифатниот центар.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …