ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев”-Гевгелија по повод денот на ослободувањето на градот 7-ми ноември одржа промоција на книгата “Партизанката Васка Дуганова-Македонка” од авторот Ристо Стамков.
Промотор беше професорката од СОУ „Јосиф Јосифовски„ Жаклина Атанасова, додека во музички дел настапи Камерна пејачка група при СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија во придружба на инструментален состав.
Инаку, Васка Дуганова е родена на 6 март 1922 година во Гевгелија. Во месец март 1942 година станува член на КПЈ а се вклучува во Народноослободителната војна во април 1943 година.Во април 1945 година е избрана за делегат на третото заседание на АСНОМ. Во периодот од 1958-1967 година е член на Председателството на Централниот совет на ССМ. Носител е на Партизанска споменица 1941 година. Била Републички секретар за труд помеѓу 1963 и 1967 г.
Извор: Општина Гевгелија