Работилниица за заедничко оценување на потребите на малите и средните претпријатија


На 30 ноември, во петок,со почеток во 14:00 часот, во Народниот театар во Гевгелија (мала сала), ќе се одржи Работилница за заедничко оценување на потребите на малите и средни претпријатија,

со посебен осврт на микро претпријатијата, во рамки на проектот„Акцелератор на знаење на МСП“ (МЕКА).

На настанот се поканети мали и микро претпријатија од регионот и пошироко. Целта на настанот е споделување на информации за досегашните реализирани активности на проектот, презентација на Анализата од прашалникот и од поединечните интервјуа пред целната група и тоа учесници од микро, мали и средни претпријатија, бизнис асоцијации, кластери.

Главна цел на проектот е воспоставување на одржлив и ефикасен акцелератор за знаење на мали и средни претпријатија за нивно зголемување на капацитетите и знаењата за поефикасно користење на фондови од ЕУ и останати донаторски организации.

Проектот „Акцелератор на знаење на МСП“(МЕКА) е финансиран во рамки на Европска Унија преку Националната програма за транзициска помош и институционална надградба 2013, Инструментот за претпристапна помош (ИПА), EuropeAid/138-495/ID/ACT/MK, Договорен орган: Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерство за финансии на Република Македонија, а го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во партнерство со Организација на жени  – Штип.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …