Се оградува спортскиот терен на СОУ Јосиф Јосифовски


Заради подобрување на условите за настава и престој на децата и наставниците во сите училишта во општина Гевгелија, во текот на 2014 година беа преземени повеќе активности за подобрување на условите за настава во петте основни училишта и СОУ„Јосиф Јосифовски“.

Во СОУ Јосиф Јосифовски беше набавена нова компјутерска опрема опрема и беше ограде училишниот двор. По завршувањето на училишната 2014/2015 пак започна оградувањето на  спортскиот терен на ова средно училиште кое се наоѓа од задниот дел на зградата.

Како што ни изјави директорот Борче Нечевски,  изведбените работи на оградувањето  чинат 300.000 денари кои училиштето ги обезбеди од сопствените средства. Намерата е, покрај старите, да се постават два нови кошови на овој терен и други спортски справи со што младите од општината ќе добијат уште едно место за спорт и рекреација.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …