Возач на мотоцикл од Негорци удрил во жена пешак – и двајцата претрпеле тешки телесни повреди
На 22.06.2025 во 11:45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран, мотоцикл „Кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(43) од с.Негорци, гевгелиско, удрил во 60-годишната Ј.Н.Ј. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ј.Н.Ј. и мотоциклистот С.Т. констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Во извештајот не е наведено како жената-пешак се нашла на патот на мотоциклистот, дали пешачела по патот, дали пешачела на пешачката патека, или преминувала на другата страна од патот кај станбената населба со крајезерски вили за летување
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, која ќе ги има во предвид сите детали од несреќата.
Извор: Гевгелија НЕТ