Советот на општина Гевгелија донесе одлука за определување на јавни паркиралишта во Гевгелија, како и начинот на нивно уредување.
Изградбата, одржувањето и користењето на јавните паркирашта се однесува на сите површини во градот за оваа намена. Во прв ред, паркиралиштата во строгиот центар на градот, како и другите паркиралишта на повеќе градски локации.
Одлучено е дејноста за паркирање на јавните паркиралишта да ја обавува ЈПКД„Комуналец“, кое по усогласувањето на актите ќе пристапи и кон уредување и стопанисување со јавните паркиралишта. Тоа всушност претставува првиот чекор од воведувањето на зонско паркирање во центарот на Гевгелија со цел да се обезбеди поголем ред во паркирањето на возилата.
По ова се очекува Совеот на општината да го утврди ценовникот за паркирање и локациите за негова примена, се разбира, по предлог на ЈПКД„Комуналец„, кое ќе стопанисува со истите.
Извор: Општина Гевгелија