Асфалтирање улични краци


Од вчера струмичката фирма „Форма„ започна со бетонирање на улични краци низ населените места во општината на задоволство на граѓаните од тие места кои нема да мора повеќе да минуваат низ кал за да дојдат до своите домови.

 Истовремено, заврши изградбата на атмосферска канализација на уличката, долж оградата на Општата болница во должина од 70 метри, која се приклучува на ул.С.Митров Данко. Оваа уличка, особено при обилни врнежи им причинуваше проблем на граѓаните, кои минуваат оттука, како и на учениците во ООУ„Владо Кантарџиев“ кои на училиште минуваат по неа. Изведувач на работите за изградба на атмосферска канализација на оваа уличка беше ЈПКД„Комуналец“ од Гевгелија.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …