Продадени парцелите за резиденцијални објекти на Мрзенски рид


На последното електронско јавно наддавање за градежни парцели за станбени куќи и згради во Гевгелија најголем интерес кај купувачите предизвикаа градежните парцели наменети за резиденцијални објекти на Мрзенски рид кај Гевгелија.

На јавното наддавање за понудените 17 градежни парцели за станбени куѓи и згради во населбата Караорман, крај Моински пат и на Мрзенски рид, учествуваа дури 51 заинтересиран купувач. Но, сите тие лицитираа само за понудените седум градежни парцели на Мрзенски рид наменети за резиденцијални објекти, односно за станбени куќи со посебен режим.

Станува збор за парцели со површина од 800 до 1200 метри квадратни, на кои се предвидени еднокатници и двокатници со поткровје, базени и други придружни содржини. Почетната цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен, а на електронското јавно наддавање, седумтте парцели беа продадени по цена од 660 до 2.200 денари за метар квадратен. На наддавањето учествуваа приватни и физички лица од општина Гевгелија и од земјата. Со распродажбата на парцелите на Мрзенски рид се потврдува големиот интерес за новата резиденцијална населба на овој простор, кој се наоѓа крај самиот пат Гевгелија-Негорци, во северниот дел на градот.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …