Во сабота авио-прскање за заштита од комарци


Авиотретирањето за заштита од комарци во општина Гевгелија ќе биде извршено во сабота наутро, на 18 јули 2015 година.

Поради тоа се известуваат сопствениците на пчели да ги преземат потребните мерки на заштита. Авиопрскањето ќе го изведе фирмата „Бониер“, која ќе врши заштита со авиотретирање од комарци на на териториите на сите десет општини во рамките на Југоисточниот плански регион, вклучувајќи ја и општина Гевгелија.

Имено, годинава Советот на Југоисточниот плански регион одлучи авиопрскањето од комарци да се врши заеднички во исто време, бидејќи и ефектите ќе бидат значително поголеми.Според договорот во општина Гевгелија се предвидени две третирања, и тоа, на површина од 1000 хектари. По првото авиопрскање на 18 јули за 20-ина дена ќе биде извршено и второ авиопрскање.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …