Советот на општина Гевгелија на последната седница ја усвои едногласно Предлог- одлуката за измени и дополнувања на Финанскискиот план на СОУ„Јосиф Јосифовски“ за реализација на проектот „Воведна обука за електронски бизнис“.
Имено, се работи за проект кој Средно општинскиот училишен центар го доби преку Националната агенција за европска образовна програма и мобилност, а се состои од грант од 70.000 евра.
Со овие средства, како што објасни директорот на училиштето, Борче Нечевски, треба да се реализира обука на ученици од Гевгелија за водење на електронски бизнис. Во периодот од 6 до 20 ноември во Даблин, Република Ирска, 27 ученика од втора и трета година од економската струка при СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе учествуваат во воведната обука за водење електронски бизнис.
Извор: Општина Гевгелија