Во Штип денес беше промовирана новоформираната ЛАГ„Бојмија“ (Локални акциска група) која ги опфаќа општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово, заедно со уште три ЛАГ-ови. Имено, мрежата за рурален развој на Република Македонија како имплементатор на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, во соработка со Центрите за развој на источниот и југоисточниот плански регион, организираше промоција на проектот ”ЛАГ – Oд локална иницијатива до водечки концепт за развој на руралните зaедници”.
На настанот всушност беа промовирани 4 потенцијални Локални Акциски Групи (ЛАГ) кои опфаќаат 17 општини од источниот и југоисточниот плански регион, развиени во согласност со ЕУ ЛЕАДЕР методологијата. Со афирмацијата на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во руралните средини, МРР тежнее кон развој на капацитетите на сите чинители во руралните средини со што ќе се подобри нивното знаење и способности за партиципативно планирање во процесите на носење одлуки од важност за заедницата. Оттука, во текот на 2015 и 2016, МРР спроведе сеопфатна обука за ЛЕАДЕР пристапот со цел градење на капацитетите на чинителите од јавниот, граѓанскиот и деловниот од
источниот и југоисточниот плански регион.
Програмата вклучуваше и креирање на Стратегии за локален развој за секоја поединечна акциска група, односно за
– ЛАГ Бојмија,
– ЛАГ Плачковица,
– ЛАГ Брегалница,
– ЛАГ Малеш-Пијанец
Преку своето делување ЛАГ-овите ќе работат на реализација на активности што значително ќе придонесат во спроведувањето на одржливи практики во руралните средини во Република Македонија.
Извор: Општина Гевгелија