Синоќа пред Градскиот тетар во Гевгелија се одржа мешана етно изложба придружена со фолклорна вечер, и со кратка презентација на културните карактеристики и сличностите помеѓу двајцата партнери на општините Гевгелија (Р.Македонија) и Банско (Р.Бугарија).
Младежка формација „Банскалии“ од Банско, Бугарија и Културно уметничкото друштво „Негорци“ Негорци, Македонија беа двете групи кои преку изведба на традиционални песни од Бугарија и традиционални изведби на ора и песни од Македонија ја претставија својата култура, традиција и историја.
Ова активност е дел од проектот „ Заедничка култура, традиции и историја – мост кон нашата европска иднина“ бр.2007CB16IPO007-2012-3-023, кофинансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија. Во рамките на проектот во Гевгелија беше извршена реконструкција на покривот на Пионерскиот дом и уредена читална за најмладите. На крајот од вечерта од општина Гевгелија беа доделени симболични награди за учесниците.