Единствениот македонски претставник во регионалната кошаркарска БИБЛ – лига, тимот на Кожув, ги доби противниците во групната фаза. Гевгеличани ќе играат во групата А заедно со Сигал Приштина (Косово), Морнар (Црна Гора) и Теодо (Црна Гора) и Берое (Бугарија).
Во оваа група треба да се вклучи уште една екипа, а тоа ќе биде тим од Албанија или Романија. Во првото коло Кожув на домашен терен во октомври ќе игра со Теодо од Тиват, Црна Гора..
Другата група ја сочинуваат: Левски (Бугарија), Башкими (Косово), Пеќ (Косово), Ловќен (Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора). Инаку, на крајот од септември КК Кожув ќе учествува на обновениот Супер куп во кој ќе учествуваат најдобрите четири македонски екипи.Кожув ќе се сретне со Работниочки, а Куманово со МЗТ.