Промоција на книгата „Трба, Трби, Гевгелиско“


Годинашното Гевгелиско културно лето завршува со Промоцијата на книгата „Трба, трби, Гевгелиско“ од Ристо Стамков.

 Една од низата книги на овој автор во кои се застапени настани и личности од поблиското и подалечното минато на Гевгелија и околните општини. Најновата книга на Стамков е подготвена по повод 110 годишнината од смртта на Леонид Јанков и неговите соборци. Станува збор за познатиот гевгелиски војвода познат по херојската борба против турскиот аскер, која е опишана и во гевгелиската химна „Трба, трби, Гевгелиско“.

Промоцијата на најновата книга од Ристо Стамокв е закажана за 1 септември 2015 година во хотел „Аполонија“, со почеток во 20 часот.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …