Започна летниот училишен распуст


За околу 270.000 основци и средношколци во земјата денеска е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година.  На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.

Матурантите, пак, утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура. Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата. На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.

Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15 256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите. Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.

Тогаш за прв пат во училишните клупи  во основните училишта во општина Гевгелија ќе седнат и 202 првооделенци. Најмногу првооделенци – 75 се запишале во ООУ„Крсте Мисирков“ и 80 во ООУ„Владо Кантарџиев“.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …