Превентивно против пожарите


Подрачното одделение на РЦУГ-Гевгелија на својата редовна седница, во проширен состав, расправајќи за дејствувањето на надлежните служби во претстојниот летен период, побара од шумската полиција и надлежните општински инспекциски служби

да извршат навремено информирање на граѓаните за забраната за палење на стрништата, како превентивна мерка за заштита од шумски пожари и за висината на казните за предизвикување на пожари. Исто така, е јавните претпријатија и ТППЕ-Гевгелија да ги ажурираат податоците за расположивите ресурси во случај на потреба и појава на пожари на отворен простор. Додека пак од ЈП Македонски железници-Гевгелија и ЈП Македонија пат-Гевгелија е побарано да извршат отстранување на горливиот материјал во близина на пругите, односно крај патиштата.

На седницата на ПО на РЦУК-Гевгелија беше заклучено институциите вклучени во системот за управување со кризи по забележан пожар  на отворен простор или дојава за пожар веднаш да ги известат надлежните служби, на бесплатниот телефонски број 195 или во РЦУК-Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …