Илија Георгиев од гевгелиското село Мрзенци го фати Светиот крст во водите на реката Вардар на денешниот богојавленски собор во Гевгелија, на кој приуствуваа неколку илјади граѓани. Водите на „македонскиот„ Јордан ги осветија свештеници од гевгелиската епархија.
– Мојата голема радост и верба во Бога со Светиот крст ќе ја пренесам во сите христијански домови во општина Гевгелија, на чии граѓани им посакувам здравје, среќа и љубов.рече возбудениот Георгиев.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов му ја честиташе радоста на Илија Георгиев на кого му подари телевизор.