КК „Кожув“ на својот фејсбук-профил објави дека денес (понеделник) со почеток во 14.00 часот во мотелот „Вардар“ ќе го одржи годишното собрание на кое ќе треба да биде избран нов претседател на местото на досегашниот Томе Главчев.
Инаку „Кожув“ и понатаму продолжува со своите успеси. Во саботата на гости во Струмица гевгеличани ги победија домаѓините со резултат 65-81.
На дуелот во Струмица по израмнетото прво полувреме кое заврши со 41-42 во корист на „Кожув“ во продолжението од мечот гостите од Гевгелија влегоа во посакуваниот триумф и стигнаа до сигурна победа од 65-81.
Во победничкиот тим на Кожув најдобар впечаток оставија засилувањето Радуловиќ со 22 поени и 8 скока и капитенот Брчков со 18 коша и 5 фатени топки. Поразот на Струмица не можеа да го спречат ниту искусните Богоев и Тасовски кои заедно комплетираа 40 поени. За „Кожув“ инаку ова беше 7 победа во шампионатот.