Aвионското прскање против комарци што беше пролонгирано за 27 јуни, уште еднаш се одложува овој пат за ( Недела 1 ЈУЛИ) соопшти Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој во соработка со деветте општини од регионот го организира авиотретирањето против комарци.
Се информираат граѓаните дека прскањето ќе се изврши во Недела рано наутро, од 4.30 до 9.30 часот. Доколку временските услови не
дозволат да се реализира прскањето, тоа ќе се спроведе наредниот ден во истиот временски период.
Сопствениците на пчелни семејства се известуваат да преземат соодветни мерки за заштита, односно во време на прскањето да ги затворат пчелите.
Извор: Општина Гевгелија