Фолклорна вечер со „Бојмија“, „Мегдан“ и ансамбл од Полска


По покана на ансамбл „Бојмија“, оваа недела во нашиот град ќе гостува фолклорно друштво „Мали Шчизичани“ од градот Шчизич, Република Полска. Друштвото го претставува фолклорот на Лах шчижицки, кој се засновува на забава, пеење и игра специфична за својот регион. Исто така, децата на сцена пеат, изведувајќи разни типови на „полка“.

На сцената изведуваат и разни детски игри, при што користат платнени топки, кукли платнени, кошници, јажиња и други реквизити.

По тој повод, во среда и во четврток, 26 и 27 јуни, , ќе биде организирана Фолклорна вечер, на која ќе настапат ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, фолклорен ансамбл „Мегдан“ од Богданци и фолклорното друштво од Полска.

Фолклорната  вечери во Гевгелија ќе се одржи во среда, во Народниот театар, со почеток во 20,30 часот. Додека фолклорната вечер во четврток, ќе се одржи во Домот на културата Богданци, со почеток 20,30 часот. Влезот е слободен.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …