Регионалниот центар за НВО во Гевгелија организира акција за донирање на летна облека, летни обувки, ориз, зеленчук и овошје за бегалците и мигрантите во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ на македонско-грчката граница.
Донациите можат да се остават секој работен, ден од 12:00 часот до 14:00 часот, во просториите на РЦОР (Центар за НВО), на ул: Маршал Тито бр. 60 во Гевгелија. Информации можат да се добијат на телефоните: 078 853 363; 070 306 641
Извор: Општина Гевгелија