Во изминатите десет месеци општина донираше парични средства за вкупно 181 новороденче. Имено, со решение на градоначалникот на општина Гевгелија на секое новородено бебе во општината му се доделуваат по 6000 денари, а за секое третородено дете и близнаци се субвенционираат по 12.000 денари.
Ова беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48 часа, на која беше, исто така, соопштено дека преку Општинскиот центар за услуги во периодот од јанураи до ноември биле пријавени 1200 барања од страна на граѓаните. Најголемиот број од овие барања се однесуваат на издавање потврда за точна адреса и за прием кај градоначалникот.
Извор: Општина Гевгелија