Објавен 5-тиот секвупен сингл на The G Notes, а 3-ти на англиски јазик. Имено, ова е оригиналната верзија на песната „Створена“, што значи текстот за музиката беше направен прво на англиски јазик од Томе Таушанов , а потоа Константин Карев направи препев на македонски т.е. ја напиша „Створена“. Има две прашања во врска со песната што не потпрашуваат, а тоа се следниве: Зошто прво на англиски јазик е пишувана песната? -На ова прашање нема некој посебен одговор, туку едноставно таква беше инспирацијата на Томе и така ја почувствувавме сите песната, а подоцна направивме и македонска верзија заради тоа што сакавме сите песни што ги планираме за првиот албум да имат и македонски верзии или препеви.
Второто прашање е зошто тогаш ја објавивме прво македонската? -Тоа се случи заради тоа што според законите за емитување македонска музика во Македонија во тоа време кога ја објавивме “Створена” мислевме дека ќе имаме поголем успех на овие простори иако се е некако нестабилно во врска со македонските музички закони и самата музика.