Во салонот на хотелот „Аполонија“ синоќа беше отворена изложбата на две интересни уметници, Николина Джановска од Бугарија и Гордана Хаџи-Николова Малашев од Македонија. Джановска пред гевгелиската публика се претставува со графики, а Хаџи-Николова Малашев со пластика.
Изложбата ја отвори претседателот на ДЛУГ, Александар Јанев, кој истакна дека посетителите гледајќи ги изложените дела ќе може да почувствуваат како графиката на Джановска мечтае да биде слика ,а глината кај Хаџи-Николова Малашев сонува да стане лик.
Николина Джановска е родена на 17 ноември 1974 година во Горна Оряховица, Бугарија, ЕУ. Дипломиралa на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “Велико Трново,Бугарија, факултет за ликовни уметности, во класата за графичка уметност на проф. Никола Хаџитанев (1999). Член е на Дуппини арт груп (2000-2013), на Унијата на бугарски уметници, секција за графичка уметност (2007), а автор е на 8 самостојни изложби, зела учество на над 100 графички уметнички биеналиља, изложби, уметнички претстави и работилници, како во Бугарија, така и во странство.
Гордана Хаџи-Николова Малашев е родена во Гегелија. Средно уметничко училиште „Лазар Личеновски“, завршила во Скопје во 1995 година, Факултет за ликовни уметности отсек вајарство, во класа на проф. Драган Попоски Дада завршила во 2000, каде што и магистрирала, член е на ДЛУМ и ДЛУГ и ДЛУБ.Таа има учество на многубројни индивидуални и групни изложби, како и на Меѓународни симпозиуми и колонии.
Извор: Општина Гевгелија