Превентивна акција на ТППЕ-Гевгелија во стопанските зони


Територијалната против пожарна единица од Гевгелија ќе спроведе акција за едукација на вработените и увид на теренот во индустриските зони во општината, преку непосредни средби со менаџментот и вработените во стопанските фирми. Така, на 22  декемеври ТППЕ-Гевгелија ќе престојува во стопанската зона БЛОКОТЕХНА, поточно, во фирмите МЕРКЈУРИ, МОТЕЛЕН и ДИСАРТ.

Притоа, вработените од ТППЕ Гевгелија ќе се запознаваат со локација на објектите, пристапни патишта, влезови, излези, распоред на просториите на објектот, за горливоста на материјалот, трафостаница, главна склопка за исклучување на ел. енергија, ПП апарати, хидранска мрежа и др. Како што истакнува раководителот на ТППЕ Гевгелија Раде Котески за време на посетата нема да биде попречуван работниот процес.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …