Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија организира „Продажба на предмети од Вашата куќа“ или Garage sale”. Овој термин во во Америка се користи за продажба на стари работи од покуќнината кои не се потребни, а се уште се во добра функција и може бидат од корист на некого.
Настанот ќе се одржи во недела, на 9 октомври 2016 година, на терасата на хотелот „Аполонија“ од 12 до 14 часот. Во оваа продажба може да учествуваат сите граѓани, кои навремено ќе се пријават кај организаторот – фондацијата „Аполонија“. Обезбедени се штандови за продажба, а граѓаните само треба да ги донесат и изложат предметите. Први пријавени учесници во оваа хуманитарна акција се децата и младите од фондацијата „Аполонија“.
Целта е оваа манифестација да ја посетат што повеќе луѓе и да се соберат повеќе средства, кои ќе бидат наменети за реализација на проектот на фондацијата „Дејвид ВанДерВег – социјализација на децата со посебно образовни потреби во Гевгелија“. За време на настанот ќе се нуди на продажба и освежување за учесниците.
Извор: Општина Гевгелија