На денешната изборна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион за нов претседател во наредните две години е избран градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.
По изборот градоначалникот Франгов истакна дека во наредните две години ќе се залага за целосен развој на Југоисточниот регион и тоа преку заеднички иницијативи и проекти, кои по пат на консензус ќе бидат утврдени во Советот.
*Извор на информација: Општина Гевгелија