Детски семафор 2017


На  регионалниот натпревар „Детски семафор 2017„ во Струмица, екипата од Гевгелија, постигна одлични резултати, освојувајќи две први, едно второ и едно трето место.

Кај големата група женски, првото место го освои Теодора Николовска од ООУ „Климент Охридски„ а кај големата група машки, прв беше Рафаил Сулев од ООУ „Владо Кантарџиев„. Кај малата група машки, второ место освои Бојан Баламовски од ООУ „Ристо Шуклев„, додека кај малата група женски, трета беше Ана Опрова од ООУ „Крсте Мисирков„.

Честитки до малата но одлична екипа на општина Гевгелија, како и до нивните ментори Анита Божинова, Кристина Томова и Љубица Зумровска и многу среќа на државниот натпревар во Скопје.

 

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …