IF

Европски грант од 70.000 евра за обука на 27 ученици


Советот на општина Гевгелија  на последната седница ја усвои едногласно  Предлог- одлуката за измени и дополнувања на Финанскискиот план на СОУ„Јосиф Јосифовски“ за реализација на проектот „Воведна обука за електронски бизнис“.

Имено, се работи за проект кој Средно општинскиот училишен центар го доби преку Националната агенција за европска образовна програма и мобилност, а се состои од грант од 70.000 евра.

Со овие средства, како што објасни директорот на училиштето, Борче Нечевски, треба да се реализира обука на ученици од Гевгелија за водење на електронски бизнис. Во периодот од 6 до 20 ноември во Даблин, Република Ирска, 27 ученика од втора и трета година од економската струка при СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе учествуваат во воведната обука за водење електронски бизнис.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …