Со финалните натпревари, во петокот, 26 август во Гевгелија заврши традиционалниот Баскет турнир ГЕВДИОН 2016 На ракометно игралиште на ДТВ Паризан во текот на една недела продефилираа 20 екипи кои ги прикажаа своите мајстории во кошарката.
Последниот ден на турнирот се одиграа финалните натпревари во конкуренција на пионери, кадети и жени. Во финалниот натпревар во сениорска конкуренција се сретнаа екипите на С-М Текс од Гевгелија и Жито Југ Кавадарци и по возбудлива борба подобри беа кошаркарите на С-М текс кои го освоија првото место.
Извор: Општина Гевгелија