Започна одбележувањето на неделата на детето


На 5 октомври (петок) започнува одбележувањето на Неделата на детето под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“. По тој повод ЈОУ Дом на култура „Македонија“-Гевгелија ја организира манифестацијата за деца „Мојот детски шарен свет“, составена од богата програма и активности.

Децата во Народниот театар во Гевгелија ќе проследат два драмски перформанса од драмското студио „Дон Кихот“-Гевгелија, со почеток во 10 и во 11 часот, со балетска кореографија од ООМУ „Васо Карајанов“-Гевгелија.

Исто така, ќе можат да се слушнат рефрени од песните од фестивалот „Распеани дечиња“, а свои активности ќе имаат и дечињата од Детската градинака „Детска радост. Децата ќе проследат и видео проекција од филмови за деца како и изложба на детски цртежи од ликовната секција која работи при Пионерски дом- Гевгелија. Со сите овие активности, организаторот ќе се обиде да обои многу детски насмевки.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …