Карванот на книгата на издавачки центар „ТРИ„ во Гевгелија


Јубијелниот, десетти по ред „Карван на книгата“ ја започнува својата летна турнеја низ Македонија од Гевгелија. Оваа година, Карванот ќе посети пет градови во кои на читателите ќе им донесе над 300 наслови со огромен попуст до 70%.

Најновите изданија на ТРИ – како последниот роман на Игор Џамбазов „Умрен човек“, „Боенка за креативен ден“ од Ивана Горичан, „Ваби-саби“ од Франсеск Миралјес, „Исповеди на еден психотичен ум“ на Владимир Ристевски, „Онлајн девојка“ од Зои Саг, „Чиракот на архитектот’ од Елиф Шафак, „Луна“ од Винка Саздова и уште многу други – се доволен предизвик за сите љубители на книгата да си ја подноват својата домашна библиотека пред почетокот на летните горештини.

Гевгелија30-4 јуни (Библиотека „Гоце Делчев“)

Штип6-11 јуни (Книжарница Венеција)

Прилеп13-18 јуни (Библиотека „Борка Талески“)

Куманово20-25 јуни (Дом на култура „Трајко Прокопиев“)

Со Карванот на книгата на ТРИ, патот до добра книга никогаш не бил покус и полесен!

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …