Концерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев


Во рамките на Гевгелиското културно лето „Топол културен бран“, синоќа гевгеличани можеа да го проследат извонредниот настап на мецосопранот АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА придружувана од  ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ на пијано.

На коцертот Коцевска настапи со интересна програма во која беа вклучени дела од Росини, Сантос, Векерлин, Ди Кјара и Обрадорс, но и популарни веницијански и шпански композици. Александра Коцевска своето музичко образование го започнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј во класата на проф.Билјана Јовановска Јакимовска.

Во 1995 год. ги завршува своите студии, а во 1996 год. започнува да работи како професор по соло пеење при ДМУЦ Сергеј Михајлов во Штип. Во 2006 год. после десет годишна работа во Штип се префрла во ДМБУЦ Илија Николовски Луј каде повторно се здобива со големи признанија од меѓународните и државните натпревари.

На синоќешниот концерт во Гевгелија со својот раскошен глас измами голем аплауз кај гевгелиската публика. Инаку, концертот е дел од манифестацијата „Топол културен бран“ на Министерството за култура на Република Македонија, која се реализира во соработка со општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …